Сутерен.мк

Новиот број Еден!

Францускиот бизнисмен Бернар Арно е најбогатиот човек на светот. Неговото богатство се проценува на повеќе од 192 милијарди долари, кои во најголем дел доаѓаат од неговата мултинационална компанија LVMH.

“Папата во светот на модата“ како што го нарекуваат Арно, го претрка Џеф Безос и е првиот Европеец кој дојде на чело на листата на „Форбс“ после речиси еден век.

Неговиот конгломерат е спезијализиран за производство и продажба на луксузна мода која во своја сопственост ги има некои од најпознатите светски брендови како Диор, Луј Витон, Хенеси, Живанши, Лоро Пиана…

Вредноста на LVMH на пазарот постојано расте и според некои проценки изнесува нешто помалку од 400 милијарди долари.

Според „Форбс“, растот на приходите за 17 милијарди долари (32 посто повеќе од лани) е резултат на масовното купување на нивните производи во Кина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *