Сутерен.мк

Објавен трејлер за филмот „Недеља“

Првиот трејлер за долгоочекуваниот филм „Недеља“ кој го следи животот на еден од најпопуларните српски пејачи Џеј Рамадановски се појави во балканските медиуми.

Инспириран од вистински настани, филмот е создаден по идеја на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ, а во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ.

Во него се раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост, па сè до големиот успех што пејачот го постигна.

Филмот „Недеља“ го прикажува духот на Дорчол во седумдесетите и осумдесетите, како и преминот во деведесетите. Ова е филм за пријателството и успехот, во кој проникнуваат елементи на акција, драма и незаменлива музика. Еден од најнезаборавните моменти е судбоносната средба на Џеј со Марина Туцаковиќ и Фута.

Актерската екипа ја сочинуваат Хусеин Алијевиќ, Милица Јаневски, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Маша Ѓорѓевиќ, Стојша Ољачиќ, како и нашиот актер Бајрам Северџан, кои се потрудиле на свој начин да го пренесат животот на Џеј на филмското платно.

Трејлерот…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *