Сутерен.мк

Параолимпијадата со подршка на Авганистан

Иако на Параолимписките игри во Токио нема да има претставници од Авганистан сепак, знамето на оваа држава ќе биде присутно на свеченото отворање во знак на солидарност со спортистите кои не можат да настапат на манифестацијата!

Авганистан на Параолимписките игри требаше да настапи со двајца спортисти, кои не можат да допатуваат во Јапонија, бидејќи новата талибанска власт ги укина сите комерцијални летови.

Авганистанското знаме на свеченото отворање во знак на солидарност ќе го носи претставникот на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *