Сексапилноста нема врска со изгледот (иако секако придонесува за тоа), туку сѐ зависи од тоа како се однесуваат мажите. Сексапилноста зависи од самодовербата, вештините и харизмата на мажот.
На врвот на листата се најде легендарниот Џејмс Дин, кој воодушевуваше со својот изглед и глума во педесеттите.
Тој стана првиот актер постхумно номиниран за Оскар и до денес е единствениот актер кој постхумно бил номиниран двапати.
Џејмс Дин починал во автомобилска незгода кога имал само 24 години. Младиот актер возел „порше спајдер. Наводно, неговите пријатели го предупредиле дека нешто чудно се случува со тој автомобил, но тој не послушал и отишол на трка во Калифорнија на која никогаш не стигнал бидејќи автомобилот не запрел на раскрсница и Дин завршил со скршен врат.
Иако сними само три филма, остави неизбришлива трага во филмската историја.
Џејмс Дин на листата го следат Марлон Брандо, Кери Грант, Рок Хадсон и Пол Њуман. На листата се најде и принцот Хари кој го зазеде 25-то место. Меѓу нив се и Рајан Рејнолдс, Дејвид Бекам, Зејн Малик…
Ова е целата листа:
1. Џејмс Дин
2. Марлон Брандо
3. Кери Грант
4. Рок Хадсон
5. Пол Њуман
6. Елвис Присли
7. Стив Меквин
8. Роберт Редфорд
9. Клинт Иствуд
10. Ричард Гир
11. Дензел Вашингтон
12. Курт Кобејн
13. Џорџ Клуни
14. Бред Пит
15. Леонардо Дикаприо
16. Рики Мартин
17. Хит Леџер
18. Џаред Лето
19. Фарел Вилијамс
20. Џастин Тимберлејк
21. Лени Кравиц
22. Рајан Филип
23. Идрис Елба
24. Џејк Гиленхал
25. Принцот Хари
26. Џон Стамос
27. Тајсон Бекфорд
28. Орландо Блум
29. Рајан Гослинг
30. Џон Леџенд
31. Рајан Рејнолдс
32. Бредли Купер
33. Ченинг Тејтум
34. Метју Меконахи
35. Дрејк
36. Џон Чо
37. Џон Хам
38. Мајкл Б. Џордан
39. Дејвид Бекам
40. Рами Малек
41. Доналд Гловер
42. Џо Манганиело
43. А$АП Роки
44. Александар Скарсгард
45. Дев Пател
46. Хенри Кавил
47. Крис Хемсворт
48. Зејн Малик
49. Махершала Али
50. Кери Фукунага