Сутерен.мк

Перформанс „9“

Во клубот „9“ во трговскиот центар „Беверли хилс“ во Капиштец, утре (вторник, 9.02.2021 г.) со почеток во 9 минути до 12 часот, ќе се одржи перформанс со наслов „9“ со учество на писатели, ликовни уметници, спортисти, универзитетски професори, актери, естрадни ѕвезди, дипломати и новинари под покровителство на лајонс клубот „Вардар“. Перформансот е замислен како своевидна молитва за благосостојба, а преку симболиката на бројот 9, присутна во народната традиција, во многу народни песни и приказни но и во уметничката поезија и проза, ликовната уметност…

Во таа пригода на фудбалската легенда, златната 9, Дарко Панчев, ликовниот уметник и хуманист Живко Поповски Цветин ќе му подари уметничка слика, осликана фудбалска топка и чаша со златна деветка, а за неговите фудбалски мајстории што го прославија во светот ќе говори фудбалерот Љубиша Николиќ. Исто така, ќе биде претставена и драмата „9“ од Гоце Ристовски за која ќе беседи проф. д-р Мимоза Рајл.

Живко Поповски Цветин ќе наслика „цветни деветки“ и чаши со „златна деветка“ за секој од учесниците во проектот по што ќе следи заедничка здравица за здравје, а учесниците во перформансот ќе пуштат девет балони осликани со цвеќиња како порака за мир, меѓусебно разбирање и почитување во светот.

Во перформансот ќе учествуваат и актерите Благоја Чоревски и Мето Јовановски, проф. д-р Мишо Нетков, меѓународниот шаховски мајстор Димитар Илиевски, музичарот и актер Ључо Ангелов, некогашните убавици ( Мис) Лидија Велковска и Емилија Розман, дипломатот Љупчо Арсовски, музичките легенди Вики Среброва и Драган Мијалковски, писателот и театролог Тодор Кузманов, метерологот Љупчо Николовски, Љупчо Илиевски, мајстор на уметничка фотографија, Елизабета Кузмановска, новинар и други.
Манифестациајта ќе се одржи согласно здравствение протоколи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *