Сутерен.мк

Победникот на Ворлд прес фото

Данскиот фотограф Мадс Нисен (1979-та) добитник е на главната награда на престижниот натпревар Ворлд прес фото за 2021 година, за фотографијата на постара жена во Бразил во прегратка на медицинска сестра!

Според жирито, фотографијата ја покажува ранливоста, одвоеноста и преживувањето истовремено, а воедно е и симбол на надежта!

Нисен со својата камера ја овековечи првата прегратка на 85-годишната штитеничка од домот за стари и немоќни во Сао Паоло во август лани, со друг човек после пет месеци изолација, благодарение на заштитата од пластичната фолија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us