Сутерен.мк

Последната објава на Тина Тарнер

Тина Тарнер споделила објава на Инстаграм за откажувањето на бубрезите два месеци пред нејзината смрт. Музичката легенда почина вчера, на 83-годишна возраст во својот дом во Швајцарија.

Имено, 83-годишната Тарнер отворено проговори за своите здравствени проблеми на Меѓународниот ден на бубрегот на 9 март, откривајќи дека себеси се довела во „сериозна опасност“ не сфаќајќи ја сериозно својата дијагноза хипертензија, дијагностицирана уште во 1978 година, пишува „Дејли мејл“.

„Моите бубрези се жртви на моето несфаќање дека мојот висок крвен притисок требаше да се лекува со конвенционална медицина“, напиша Тарнер.

„Се доведов себеси во голема опасност одбивајќи да се соочам со реалноста дека ми е потребна секојдневна, доживотна терапија со лекови“, објаснила музичката икона.

Нејзината објава од март на нејзините следбеници им даде увид во нејзините последни денови, а покрај фотографијата напиша дека „предолго верувала дека нејзиното тело е недопирлив и неуништлив бастион“.

Во едно интервју за „Гардијан“ овој април, Тарнер открила како сака да ја паметат и додала дека не се плаши од смртта.

„По што би сакале да ве паметат?“, ја прашале од „Гардијан“.

„Како кралицата на рокенролот. Како жена која им покажа на другите жени дека е во ред да се стремиме кон успех и покрај условите“, заклучила таа.

На прашањето што ја плаши кај стареењето, таа кратко и јасно одговорила: „Ништо“.

„Ова е животна авантура и секој ден го прегрнувам и го прифаќам со она што го носи“, се надоврзала таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *