Сутерен.мк

После 152 години, Моет е редизајниран!

Француската куќа за шампањ Moët & Chandon ја најави соработката со познатата модна дизајнерка Yoon Ahn (коосновач и креативен директор на брендот Ambush) која ја осмисли ограничената едиција на шишињата Moët Impérial, во име на хуманитарни цели.

Ова е прв пат по 152 години препознатливото, иконско шише на Моет империјал, создадено во 1869 година, да биде редизајнирано.

Соработката е исклучителна и затоа што значителен дел од продажбата на оваа едиција на шампањот ќе оди во Меѓународната добротворна организација, World Land Trust, која ги штити најзагрозените природни живеалишта на светот и им пружа трајна заштита на дивите животни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *