Сутерен.мк

Потценетата Хурем султан

Во рамките на аукцијата „Уметноста на исламскиот свет и на Индија“, во Лондон, портретот на султанката Хурем, сопругата на османлискиот султан Сулејман Први, која е позната и како Рокселена, е продаден за 173 000 долари.

Портретот потекнува од крајот на 16 век, а се проценувало дека ќе достигне цена од 350.000 евра, што не се остварило.
Инаку, султанот Сулејман Први, кој владеел цели 46 години, бил еден од најголемите владетели на Османлиското Царство. Бил познат како „законодавач“ поради своето праведно управување со огромното царство што се протегало сѐ до Персискиот Залив.

Хурем потекнувала од денешна западна Украина, а кога влегла во харемот на Сулејман набрзо станала негова миленичка. Тој ги прекршил дотогашните закони, се оженил со неа и имале четири деца. Таа била влијателна, не само како негова сопруга туку му помагала и во водењето на царството. Кога тој бил отсутен, таа му пишувала писма и го известувала што се случува во престолнината.
На аукцијата се нашле и два османлиски предмети, кои досега не биле достапни на пазарот. Станува збор за очила од 17 век, чии рамки биле украсени со смарагди и дијаманти.

Повеќе…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *