Сутерен.мк

Првата жена премиер на Италија

Џорџија Мелони шеф на националистичката партија „Браќа на Италија“, го предводеше Сојузот на конзервативните партии до победата на изборите на 25 септември и ќе го преземе раководството на најдесничарската влада во земјата од Втората светска војна.

Мелони веќе ги избра министрите, а новата влада ќе положи заклетва утре во 10 часот.
„Подготвени сме да формираме нова влада што е можно поскоро“, рече Мелони по консултациите на коалицијата со Матарела.

Во коалицијата со партијата на Мелони се „Форца Италија“ на поранешниот премиер Силвио Берлускони и „Северната лига“ на Матео Салвини.

На изборите на 25 септември победи конзервативната коалиција, а најмногу гласови освои партијата на Мелони, па таа ќе стане првата жена премиер на Италија. Новата влада се соочува со големи предизвици, вклучувајќи ја претстојната рецесија, зголемените цени на енергијата и војната во Украина.

Составувањето нова влада се покажа потешко отколку што се очекуваше бидејќи Берлускони (86) го поткопува авторитетот на Мелони. Поранешниот премиер оваа недела предизвика скандал со тоа што на своите пратеници им кажа дека смета дека Украина е виновна за војната со Русија. Тој откри и дека добил роденденски подарок од Путин.

Мелони тогаш изјави дека нејзината влада ќе биде одлучувачка за НАТО и ЕУ.

„Секој што не се согласува со тоа не може да биде дел од владата“, рече таа.

Се очекува дека нов министер за надворешни работи ќе биде десната рака на Берлускони во партијата, Антонио Тајани. Тој во четвртокот пристигна во Брисел на разговори со сојузниците, уверувајќи дека неговата партија ја осудува „неприфатливата“ руска инвазија на Украина.

Министер за економија треба да биде Џанкарло Џорџети, заменик-претседател на „Лигата“ и министер за индустрија во сегашната влада на национално единство на премиерот Марио Драги.

Мелони ќе го одржи својот прв говор во парламентот следната недела и мора да ја добие довербата на двата дома пред официјално да ја преземе функцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *