Сутерен.мк

Предавства

Фејсбук с(р)еќавања…

****

Истото се однесува и на другари, колеги, пријатели, роднини… кои ете, многу сакаат да ти учинат, ама никако да најдат време.
И те влечат така, ко партал, со недели, месеци…

Од вакви „презафатени професионалци“, а ги има во секој сегмент во животот – до најинтимниот – сме на ова дереџе: колективна несолидарност и ни грам, лична одговорност.

„Ќе те барам“, „штом има нешто, ќе ти јавам“, „се слушаме“, „обврски, а те мислам“, „само да најдам луфта, одма за тебе“…

Тој што сака да ти помогне, ќе го стори тоа најбрзо што може и на најнепонижувачкиот начин! Ако не може, ќе се јави и ќе каже – не ја бива, барај друг.

Ако се праи наудрено – брише под со тебе.

Брише всушност, со себеси, затоа што времето на дрски, безобразни, невоспитани, неблагодарни, себепреценети „експерти“, кои ни едно Извини не можат да изговорат е како бумеранг.

И, да. Треба едноставно, да се продолжи понатаму.
Со подобри луѓе.

****

Ми вика едно друго сесре, на тема диета, дека „таа шија, не е од туршија“.
Согласна, секако.
Ваа шија е од сиромаштија.

Пошто ние, скапаниците, јадеме леб со туршија. Леб со леб јадеме. Туку, вие, како?

За срамота сте бре: полни ко бродови, а тронди. На секој чекор топат сало, мазнат смеење и плачење, креваат газови, корективна козметика на „тетка ви“, а пак, ко некои клапуши сте. Крофни, полни медиапан или исушени дуњи од шифоњер.

Ние сме дебели и не сме среќни. Ние сме помирени.
Вие – за џабе се мажевте.

****
Не требало детето мајката да ја гледа само покрај шпоретот и со крпата.
Ок, согласна.

Попедагошки е да ја гледа со книга, во кино, во театар, како везе, на протести, на концерти, на плоштад на разни дочеци, во народна кујна, држи колегиум, дава упатства, лечи, образува…

Сесре, ние сме сиромаштија. Немаме време за вакви егзибиционизми.

Туку, со шо те гледа тебе, со швалерот или…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *