Сутерен.мк

Прескапи локации

Човек да се зачуди како е можно земја што речиси и да нема друго што да им понуди на туристите освен, гејзери и вулкани да биде една од најскапите на светот! Да, цените во Исланд се за 66 проценти повисоки од другите делови на Европа, па дури и од оние во Швајцарија, Норвешка и Данска. Тоа што едно пиво чини 12 долари е комбинација на политика, економија и географија.
Накусо за причините: климата им е тапа што ќе рече, земјоделството исто така. Исланѓаните произведуваат само 64,9 отсто сопствена храна и пијалаци. Остатокот го увезуваат, како и останатата потребна стока. Даноците исто така ги зголемуваат трошоците. Данокот на додадена вредност за стока на Исланд е 24 проценти, а за храна тој е 11 отсто. (Како турист можете да добиете дел од повраток на ДДВ.)
Сепак, за високите цени најмногу заслуга има тамошниот животен стандард. Минималната месечна плата е 2 500, а просечната 5 000 долари. Плус, 92 проценти од населението е во синдикат!
Од топ десет најскапи пак, градови на светот, дури седум се во Азија. Прв, по втор пат е Хонг Конг, веднаш зад него е Токио, а трет е Сингапур.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us