Сутерен.мк

Птица со машки харем

Неколку видови од редот на јужноамериканските птици јакани им припаѓаат на најекстремните случаи на обратната улога на половите во животинскиот свет.

Самоуверената женка собира харем од најмногу пет помали мажјаци. Во текот на една недела таа несе четири јајца во гнездото на еден од мажјаците и продолжува отворено да се пари и со него, но и со другите мажјаци.

Дури и кај моногамните птичји видови женката може скришно да се пари на друго место. Меѓутоа, како што тврдат истражувачите, неверствата на женката на овие јакани се и јавни и чести.

Тестирањето на нивната ДНК покажало дека постои дури 75 отсто веројатност дека мажјакот со промискуитетната партнерка ќе одгледува туѓо потомство. Нему му е јасно дека таа се пари со другите, но сепак, ќе лежи на јајцата три месеца и ќе се грижи за малечките.

Зошто го прават ова? Научниците велат дека бидејќи мажјаците лежат врз јајцата, потрагата по полојална партнерка ќе им одземе многу од времето потребно за лежење во гнездото. Па така, иако можноста дека одгледуваат туѓо потомство е голема сепак, тие го реализираат биолошкиот императив да имаат свои „деца“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *