Сутерен.мк

Ракија за итни случаи

Жељко Миличевиќ (46) од Белград веќе четири години прави уникатен производ – ракија во кесичка. Тој произведува шест видови ракија, кои ги пакува во кесички: дуња, слива, кајсија, виљамовка, траварица и медовача!

„Идејата беше нашите ракии да се продаваат по маркети, обложувалници, ресторани, киосци. Секогаш би биле понудени шест вкусови, за кои се користи специјална амбалажа која се користи за пакување на храна“, вели Миличевиќ.

Оваа ракија освен што ја пласира на домашниот пазар, ја извезува и во Европската Унија.

„Ме бараат луѓе од цел свет, од Данска, Чикаго, САД, а добив повици од некои арапски земји да го дистрибуираме нашиот производ таму. Она што е исто така важно е дека оваа наша ракија е многу интересна поради својот специфичен изглед и луѓето често ја подаруваат“, вели Миличевиќ.

Ако сме коректни, а сме, овој „изум“ доаѓа долго после хрватскиот, на Златан Ребец, кој е малку поинвентивен во имињата на џепниот релаксатор.

Извор…

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *