Сутерен.мк

Рекордна дивиденда за вработените во Мерцедес-Бенц

За успешното работење на компанијата во 2022 година, на дел од вработените во Мерцедес-Бенц ќе им биде исплатена рекордна дивиденда во висина до 7 300 евра

Во време кога сите фабрики за автомобили во светот се соочуваат со недостиг од чипови и најразновидни проблеми, што досегаат до недостиг од возачи на камиони за автомобилите да ги довезат до салон, Мерцедес-Бенц Груп лани постигна највисока дивиденда во својата историја.

Како резултат од доброто работење на компанијата, Мерцедес-Бенц Гроуп АГ на своите вработени ќе им исплати рекордна дивиденда за 2022 година, којашто досега до 7 300 евра. Тоа е дури и над досегашниот горен праг, што беше поставен на 6 465 евра.

На околу 93 000 вработени во Мерцедес-Бенз, коишто работат под посебен тарифен договор што им дава право на дивиденда, во платата за април 2023 ќе им биде пресметана рекордната дивиденда.

Во Мерцедес-Бенц уште од 1997 година се исплатува удел во успешното работење на компанијата, односно дивиденда, на вработените што работат со договор со утврдена тарифа. Во минатата година, премијата достигна 6 000 евра.

Покрај тоа, раководството на компанијата и работничкиот синдикат се договорија од 2023 година да се применува нов начин за пресметување на уделот во успешното работење во компанијата. На вработените со тарифен договор ќе им се пресметува дивиденда според истата логика како за раководството.

Мерцедес-Бенц АГ вработува 172 000 лица во својата глобална мрежа, не сметајќи ги камионите и автобусите, коишто од лани се издвоија во посебен огранок Дајмлер Трак & Бас.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *