Сутерен.мк

Руса коса, а темна кожа!?

Меланезиците од Соломонските Острови заради своите необични физички карактеристики им станаа особено интересни на научниците и генетичарите. Жители се на Меланезија – во областа Океанија северно и североисточно од Австралија.

На меланезиските острови стигнале пред околу 65 000 години и претставуваат најголема група на автохтони луѓе со црна боја на кожата, надвор од Африка. Она што ги прави исклучителни е нивната природно руса коса.
Оваа мала етничка групација има најголем процент на русокоси луѓе од сите неевропски земји – дури десет проценти од островјаните се русокоси!

Постоењето на оваа популација ја поништи претпоставката дека само луѓето со бела боја на кожата можат да бидат русокоси, засилувајќи го притоа тврдењето дека Африка е прататковина на сите луѓе.

Фото: Profimedia

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us