Сутерен.мк

Руската сензација на ЗОИ – допингувана?!

Камила Валиева (15), руската лизгачка која пред три дена на Зимските олимписки игри во Пекинг го освои светот со историскиот четирикратен скок, била позитивна на допинг тест!
Според руските весници „РБЦ“ и „Комерсант“, Валиева била позитивна на триметадизин, лек против ангина пекторис и вртоглавица кој може да го зголеми протокот на крвта и да ја подобри издржливоста поради што се наоѓа на листата на забранети супстанци на Светската антидопинг агенција (ВАДА).
Валиева беше дел од рускиот тим кој во понеделникот го освои златниот медал во екипна конкуренција пред САД и Јапонија, но доделувањето на медалите беше одложено од нејасни причини.
Се уште се чека конечна одлука за распределба на медалите, дали на русите ќе им биде одземен златниот медал.
Не се знае ниту дали Рускиот олимписки комитет ќе поднесе жалба, но Валиева и понатаму тренира. Руската лизгачка федерација само потврди дека таа засега не е суспендирана.
Валиева се уште нема 16 години и според светскиот антидопинг кодекс нејзиното име не смее јавно да биде соопштувано.
Доколку Валиева биде казнета се очекува санкцијата да биде помала отколку за спортист од над 16 години.
Кинескиот пливач Сун Јанг, кој во 2014 година беше позитивен на триметадизин доби тригодишна суспензија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *