Сутерен.мк

Игор Пачемски: Сенки над Балканот

Од превртените филџани во турско, до телевизиските реклами за „Тајне и Трече Око“, нашиот народ, со векови имал посебен однос кон мистиката или окултното. Дали се работи за фантазмогории на луѓе без јасна иднина, длабоко фрустрирани од сегашноста, со потреба да се навраќаат кон минатото каде што некој друг или создал или направил или е виновен за нешто, ќе дознаеме кога ќе се сретнеме со Севишниот и кога ќе станеме дел од космичката прашина…

Потајно ја гледам и сакам серијата „Сенки над Балканот“. Мојата генерација израсна без силни машки “role models” како Тихи и Прле. Танасијевиќ и Плетикосиќ би биле идеални кандидати за такви, макар и во мојата средна возраст. Иако, реално јас сум Маја Давидовиќ, ама дебела.

Сексуално девијантен? Штиклирај! Од фамилија („мамо не се срами и не трепкај“)? Штиклирај? Врски со тајни мистични организации? Соросоид! Шитклирај (се зезам бе!) Англичаните имаат една одлична фраза “scull-duggery” или “sculduggery” што значи подло или безскрупулозно однесување.

И не може, а да не ми падне на памет македонското здравство или “pomp & circumstance” на нашата северна сосетка кога станува збор за овој збор и неговиот контекст во нашето секојдневие.

Пендаровски излезе на телевизија и кажа што кажа. Мене Стево ми е парагон за граѓанска нормалност во овој свињарник наречен македонска политика. После се случи препукувањето со Филипче. Беше јасно чија страна зајковците ја фатија, бидејќи дури и директорка на НВО буквално го ругаше неговиот апел приватните болници да си ги намалат цените.

И додека Стево (и граѓанството) беа распнати од новото ДПМНЕ, јас решив да изнесам мое гледиште за тоа на што можевме и на што не можевме да влијаеме од позицијата на едно прдеж место населено 80 отсто со неандерталци.

 

Вакцините! ОК. Кабинетот на претседателот во декември ги направил првите напори да се добијат вакцини. Русија ни нудела Спутник. ОК. Ни нудела Спутник без помината трета фаза на тестирање. Закон за набавки, ако не се лажам, уште немаше. Во ноември беа направени првите клинички тестирања. Како нова членка на НАТО (како млада невеста) и како потенцијална членка на ЕУ, ние немаме никаков избор освен да застанеме на ред. И да чекаме.

Тихум-молкум. Филипче, колку и да сакам Лиде да му закачи трипер, тука не може да биде виновен. Барем не за почетните фази. Понатаму, веќе не можам да коментирам. Ваљда прекасно беше, бидејки цела Европа е под нивото на договорено снабдување.

Е сега, концептот на вонредна состојба и приватно здравсто. Систина, 2 300 евра ден. Абе, каци ти? Како? Зошто?! Сметки по 250 000 евра за починати?! Жан Митрев со хемофилтрацијата објавена како “клиничко испитување” и администрирана со филтри набавени за “клиничко испитување” без објаснување и барање согласност од пациенти дека им се прави експериментална процедура (беше некаде во февруари легализирана наполно во Америка)!

 

Е, тука, Филипче и тоа како има и јурисдикција и огромна потреба да се вмеша! Три генерации долгови да враќаат за лечење на родител?! No bueno. За време на Првата светска војна, куќата на Фотевци била француска болница. Војна е јеби га, кој те праша?! А ова што е?

Најголемата пандемија во последниот век, а кај нас умира по еден автобус луѓе дневно. Како што приватниот бизнис квака за помош, време е државата да ги нивелира ценовниците од овие воени профитери, во најмала рака. Не, не мислам дека треба да се врати Тито. Но исто така, дуплирање на цени од декември не е ништо помалку од злостор. А за ова барање претседателот уште е и потсмеван. Од луѓе со факултети од покултурните населби. (Се потсетувам на мојата колумна за хроничниот недостаток на средна класа). И тоа ме води до последното.

Хистеричната еуфорија за вакцинирањето во Србија. Да се потсетиме! На Вучиќ му беше понудено да купиме вакцини. Беше кажано дека само можел да ги донира (Businiess School 101 – Title of Ownership е кај него) И ова е класична небулоза. Со фанфари и спектакл, како да е советуван од Субрата Роj (дајте им секс и Bollywood и светки), ни беа донирани вакцини исто како на Црнчиња со по едно исечено раче од Леополд да им се дадат униформички со штиркани крагњи и училиште за да научат фламански, со 50 мисионерки во публика, на безбедна дистанца.

Во Вучиќ нема грам хуманизам. Има шизофренија и нарцисоидност и овој потег наивно протумачен како добрососедство, направи истите тие факултетски образовани луѓе од покултурните квартови на Скопје да пиштат од кеиф. Тука Вучиќ добива поени како балкански лидер, нашата власт се дискредитира, ние дополнително се делиме на вакви и такви, а никој не се запраша како и зошто Србија има толку вакцини?! Бидејки да живеевме во светот на „Сенките над Балканот“, Вучиќ ќе беше Алимпије Мириќ. Манијак корумпиран до срж кој заврши прободен со меч во неговата сопствена бурлеска со аплауз од тие кои ги контролирал финансиски.

Прашање е и дали некој овој спектакл и не го платил… Некој што не е Србин, туку огорчен на Македонија со доволно пари и доволно расипан ова да го испланира. Инаку, сте можеле да се вакцинирате уште од февруари! Вие кога разбравте? Колку луѓе околу вас знаеја? Вакви мисли ме тераат да станам ordermeister и да почнам да сечам глави како г-ѓица Давидовиќ.

Времето ќе покаже, ама на оваа ветрометина, мислам дека уште долги години морбиден танц ќе играат сенки и сеништа.

(Авторот знае да го реши Шродингер за Јаглерод 6, но одбра да црта гаќи. Горд татко е на 3 мачки и луда папагалка со субмисивен дечко папагал. Лош шеф и сопруг на една измачена бугарска мечка. Многу чкарт педер, кој пие, арчи и се тепа.)

*Ставовите изнесени во колумните се лични ставови на авторите и не го претставуваат нужно ставот на сајтот suteren.mk.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *