Основниот суд во Приштина денеска ги осуди четворицата обвинети, од кои тројца малолетни, на вкупно 40 години затвор за силување на 11-годишно девојче во Приштина во август 2022 година.
Еден од обвинетите кој е полнолетен е осуден на 15 години затвор, двајца малолетници на по 9, а еден на осум години малолетнички затвор.
Малолетниците, освен за силување се осудени и за злоупотреба на деца во порнографија.
Случајот ја потресе косовската јавност,по што беа организирани протести, а дел од учесниците побараа смртна казна за силувачите.
Една од организаторките за време на протестите Трина Бинаку, рече дека силувањето на 11-годишно девојче е симбол на косовскиот „патријархален систем“.
Во знак на солидарност протести беа организирани во Скопје и Тирана.