Сутерен.мк

Синдром на супер – жена!

Барањата што од себе и пред себе си ги поставуваме на секојдневно ниво, како во приватниот, така и во  деловниот живот, придружени од натпреварувачкиот дух и брзото темпо на секојдневието доведе до фрустрации кај многумина!

Не треба да се заборави ни пандемијата и условите на животот што го изменија теркот на нашиот живот, на наша штета.

Па, кога одредени дами ќе се најдат во ситуација да ги склопат сите делови на својата „судбинска“ сложувалка, придружени од неизбежниот притисок, се јавува синдромот од насловот.

Иако ви звучи познато, иако е широко распространет, не е секогаш лесен за идентификување. За жал, единствената причина за неговото постоење е скриената желба на жените да бидат прифатени и признати!

И поради таа, сосема обична потреба, тие се подготвени да прегорат во задоволувањето на потребите на другите.

Оваа пред се, тажна појава, се јавува кај многу жени, во било кој момент, кога заради очекувањата на општеството или семејството, стануваат опседнати со перфекционизмот.

А залуденоста кон негуван и убав физички исглед, што е често недофатливо, станува јамка плус околу вратот.

Накусо речено, сами си го скратуваат животот.

Што да се прави? Да се побара помош! Не психијатриска, туку од околината, партнерот, децата… Не можете се сами! Не треба се сами да правите! Без разлика на кој род му припаѓате. Споделете ги обврските. Така, сите ќе бидат позадоволни, а вие подолго ќе живеете.

Многу важно е да се пронајде средината помеѓу инфериорноста и супериорноста.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *