Сутерен.мк

Скопјанишчава одма носот го кревет

До денес бев Скопје, заинает на Скопјанишчава ама поарно да не одев.
Ушче на првите семафори со проблеми бев. На црвено поминав, Скопјанишчава ни свирет, па не сте ќори, гледате дека сме со Охридски таблички, немаме семафори кј нас, па незнајме како да се понашаме! Вака пречеквите гости шо ви носет пари од прометот?

Барав паркинг, имаше место колку сакаш зш цело Скопје е на сркање солена вода во Егеј или блага вода во Охрид. Ама за инает се паркирав вопреку на пешачки премин и со предните колца на велосипедска патека, зш си мојме, пари ви носам, шо сакам си прам, пукнете бе.
Си седнав во кафана на плоштад, келнерот намуртен, не му се работат, алооо чоек, без нас леб немат да јајте! Сакам да ме пречекаш со аплаус, насмеан до уши, да ми понудиш све шо имат во кафаната.. тој со сила работат, епа немат гости така!

Порачав макијато големо, ми носит мало.. ко ми се кренаа сафрите, една ѕвезда на гугл му дадов!
Од таму прошетав покрај Вардар, смрдеше корнеше, зарем ова е главен град на Македонија, на све личит, само на метропола не личит. Се помочав во вардар, да им вратам за сите пати, ама неможев да ја погодам водата од сите шишиња.
Ја зедов колата, среќа пајакот не ме имаше видено и ојдов во хотелот. Таму бетер од кафаната, сите наљутени, си пиет кафе на рецепција, ич не се замарет со гостин шо дошол да им остајт пари, абе научете од Белград шо е метропола, како се пречеквет гости во главен град, ова срамота е!

Си го зедов гајбето од кола со пиво, сувомеснати, патлиџани и кромид, да ја поминам ноќта во собата.
Иначе смештајот катастрофа, на шајки спиев, сон не фатив. Надвор бучава, коли свирет, мир да се немало! За ова 50 евра од ноќ барате? Поглед имав на некоја барокна зграда, грозотија, барем на шишињата во Вардар да гледав.
Другиот ден седнав на доручек, порачав бекендекс, ми носет хемендекс, абе врска немате. Лебот од завчера, да опериш некој со него, во Београд ко бев све тазе беше, ама то е метропола!

Сакав да одам со жичарата до Водно, ми велет да платам, абе будали сте да платам? Кј се наплаќат да се качиш на планина море ненормални едни!
Не ојдов водно, седнав во ресторан и порачав шарска. Шарската колку детска рака, компири и гарнир ко од глувци гризани и на крај ми побараа 450 денари, зато никој немат да ви идит во главниот град, зш не ве биват да се понашате како гостопримливи луѓе во главен град!
Пред да заминам се вратив во собата од хотелот, си го зедов ѓубрето како и перницата, јорганот и далинското од телевизорот.. онака за инает.

Ѓубрето можев да го фрлам во канта, ама си го фрлив покрај канта, зш изгледа така требит во Скопје ако судам по то шо гледам како прает во Охрид.
Си заминав не задоволен, морав ова искуство да го напишам на фејсбук, зш сите така јадет лајна
Значит за крај, научете да се понашате како главен град ако сакате да ви идиме, зш за истите пари ќе одам Белград и ќе си поминам подобро и барем е вистинска метропола!

 

 

 

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *