Сутерен.мк

Скопјани по еден час чекаат автобуси на минус нула

Велат дека долгото чекање и големиот број патници, предизвикуваат голема нервоза и револт. Граѓаните велат дека немаат надеж дека наскоро ќе се реши проблемот со приватниот превоз.

“Чекам 20 минути, 30 минути да дојде автобус… Да, на овој студ треба почесто да доаѓа, но нема“…

„Чекаме како и секогаш. Јас сум од населба Шуто Оризари, 19-ка и 20-ка доцнат многу… Моментално сум во пензија, но кога треба да одам во болница не можам да стигнам навреме. Треба да чекам долго или да земам такси“, реагираат граѓаните.

Поради долгот што ЈСП го има кон приватните превозници и немањето договор за решавање на проблемот, приватните превозници не возат повеќе од три месеци. Двете здруженија на приватни превозници го тужеа ЈСП. Првото судско рочиште е закажана за во четврток за тужбата на „Слобода превоз“. Тие бараат еден милион евра од Град Скопје, поточно од ЈСП.

Откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска одби да се сретне со претставниците на приватните превозници, тие формираа нов совет за преговори. Арсовска вчера ги прими на разговори претставниците на новиот совет. После средбата рекоа дека добиле позитивни сигнали од градоначалничката Арсовска за да се вратат на работа и да им се плати долгот. Но, не открија детали како ќе се најде решение и кога автобусите ќе се вратат на улиците на главниот град.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *