Сутерен.мк

Снежана Сани Богдановска: Средовечни жени

Не нарекуваат „жени во средни години“. Или „најдобри“. Или „кризни“. Зависи од контекстот.

Тоа е опасна возраст, збунувачка, за момент ве залажува. Ера во која коцките полека се подредуваат Животните очекувања добиваат јасни граници. Некои желби останаа неостварени, некои соништа веќе се одсонуваа, некои надежи се оджалија.

Вие не сте ниту таму, ниту овде. Ниту млади ниту стари. Ви се чини дека се‘ е исто како порано, но моќта се намалува незабележливо, енергијата се менува, ранливоста расте, таа е добро скриена од себе. И сепак некои внатрешни пожари даваат сјај на очите, ги осветлуваат плановите за иднината, ја загреваат душата.

Се запознавте себеси, знаете што ви се допаѓа, кој ве нервира, што сакате, кога сакате, знаете каде грешите, како реагирате на пофалби, навреди, разочарувања, нежност, љубезност. Знаете кога и што да очекувате, од што да се чувате, кога да внимавате, што ве прави среќни и што ве смирува. Знаете кога да избегнувате, кога да се плашите, кого да пречкртате.

Тоа знаење е вашето богатство, сте го стекнале со текот на годините. Користете го, тоа е ваша предност и сила.

Убава си, многу си убава! Од вас зрачи љубовта што ја добивавте и ја дававте со години, насмевките што ги предизвикавте, љубезноста со која сте направиле некого среќен и бил среќен, нежноста што ја дадовте, топлината со која помилувавте нечие постоење.

Ова се моќни години. Тие можат да бидат кралски. Ако одлучите да не го одложувате овој живот.

(Авторката е во долгогодишен среќен брак со модата. Модел, моден новинар, некои ја нарекуваат критичар, но дефинитивно – аналитичар. Врската ја зацврстува со модна кореографија, проектно менаџирање, стајлинг и имиџ консалтинг.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *