Сутерен.мк

Србите на Нетфликс

Документарецот на Милош Шкундриќ, „Долгиот пат во војна“ е на листата десет најгледани филмови на „Нетфликс“ во 14 европски земји во првата недела од прикажувањето.
Продуцентската куќа „Парадокс филм“ истакнува дека има особено добра гледаност во нордиските земји. Документарниот филм е деветти на листата во Холандија и шести во Шведска.

„Ова е важна вест за српската кинематографија и српската историографија”, се наведува во соопштението на продуцентската куќа. Филмот прикажува интервјуа со историчари кои откриваат како настанала Првата светска војна. Во филмот глумат Џон Рол, Хју Страхан, Доминк Ливен, Аника Момбауер, Олег Ајрапетов, Жорж-Анри Суту, Лотар Хобелт, Стиг Форстер, Жан Пол Блед, Алан Аскед и Душан Батаковиќ.

На „Нетфликс“ пристигна на 28 јуни, точно на годишнината од атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го изврши Гаврило Принцип.

Документарецот се прикажува во 30 европски земји, каде што стриминг-платформата има публика од околу 70 милиони претплатници. Ќе биде достапен за гледање во следните пет години. Направен е со поддршка на Министерството за култура на Србија и Филмскиот центар на Србија во 2018 година. Низ годините, филмот е наградуван на бројни меѓународни филмски фестивали.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *