Сутерен.мк

Среќната Моника!

Моника Белучи, која е веќе во шестата деценија од својот живот, не се плаши од стареење!

– Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин, рече Белучи.

Таа избегнува потешки тренинзи и строги диети, па наместо тоа претпочита вино и тестенини и повремени пилатес-сесии.

– Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, а никогаш премногу слаба. Таква е мојата природа. И сакам да остарам на мирен начин. Кога имаш 50 или 60 години, ги немаш истите потреби како кога имаш дваесет. Се менуваш, како кога твоето бебе влегува во собата, гледаш дека тоа е на врвот. Ние сме на второ место. Тоа ни дава друг поглед на сѐ тоа.

Белучи претпочита да го прифати стареењето како природен факт.

– И животот продолжува. Физикусот старее и мора да си го прифатиме тоа. Ништо не можеме против тоа. Во истовреме, имаме среќа, бидејќи ако старееме тоа значи дека сме имале долг живот. Како што телото оди надолу, душата расте, вели таа.

Белучи вели дека не сака да ги учи своите ќерки да бидат во постојан судир со мажите:

– Минавме долг пат и денес имаме храброст да кажеме некои работи, бидејќи има жени кои го направија тоа пред нас, но во истовреме не верувам во војна меѓу мажите и жените. Мислам дека треба да најдеме заедничка основа за комуникација. Не сакам да ги учам моите девојки да бидат полни омраза. Тоа не носи ништо. Мора да најдеме начин да разговараме!

Со постарата ќерка, Дева

Зборува и за односот со бившиот сопруг Винсент Касел, со кој има две ќерки, а  од кој се разведе во 2013 година, но поранешната двојка го нашла ритамот на заедничко родителство:
-Долго време сме разделени, но во исто време кога сте родител вие сте родители доживотно.

На крај, Белучи рече дека е благодарна што не почнала во индустријата како млада тинејџерка.

– Поминав низ некои нешта, мигови кои не беа секогаш совршени. Но, почнав да работам кога веќе имав 18, 19… Немав 14 години. А потоа, кога дојдоа на ред филмовите, јас доаѓав со модна позадина, па веќе бев и економски независна. Имав среќа, затоа што никогаш не сум била во состојба со којашто не можам да се носам. Тоа е прашање на среќа. Понекогаш едноставно не можете да се одбраните, појаснува Белучи.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *