Сутерен.мк

Струмички карневал по 30-ти пат

Со симболично предавање на клучот и власта на карневалџиите, почнаа карневалските празнувања во Струмица кои ќе траат цела недела. Заради пандемијата ова манифестација не се одржуваше две години, но од синоќа почнаа да се реализираат активностите од седумдневната програма.

Струмичкиот карневал годинава одбележува и 30 години во организирана форма. Од таа причина беше промовирана монографијата за ова манифестација која опстојува со векови насловена како „Струмичко чудо“ од авторите Катерина Милушева и Александар Цицимов.

Големото карневалско дефиле во Струмица ќе се одржи во сабота. Заради пандемијата бројот на учесници ќе биде редуциран. Ќе учествуваат 20-тина карневалски групи од земјава, но и од Лесковац, Србија и од Кукуш и Солун, од Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *