Сутерен.мк

Тајните за убавина на Елизабет Тејлор

Легендарната актерка се шминкала сама и тоа не само приватно, туку и за важни настани!И не само мејкапот, сама си ги правела и фризурите, па дури и се шишала сама, меѓутоа, носела често и перики!

Сакала богати, натапирани фризури, па ги избегнувала регенераторите за коса бидејќи се плашела дека тие ќе и ја „спуштат“ косата.

Што се однесува до мејкапот, знаела дека најголемо оружје и се очите, па додатно ги нагласувала со креон, но не користела црн молив туку темносив, што го нанесувала во неколку слоја, лесно размачкувајќи го.

Спротивно на јавното мислење, никогаш не носела вештачки трепки, нејзините биле природно раскошни. За доминацијата на нејзините очи придонесувале и густите и темни веѓи, кои Елизабет ги „пополнувала“ со маскара.

За усните,користела сјаеви и кармини најчесто во розеви нијанси.

Откако ќе завршела со шминкањето си подготвувала купка?! Да, влегувала во када полна топла вода, во која останувала неколку минути. Овој необичен финиш бил со цел тенот да и добие сјај, што на кожата и го давала водената пареа (денес постојат со истата намена хајлајтерите).

Незаборавната Клеопатра е првата славна личност која креираше свој парфем – во 1987 година го создаде шишенцето „Елизабет Тејлор“.

Меѓутоа, не пропуштала прилика дека главната состојка за нејзиниот добар изглед е квалитетниот сон!

Извор: Elle

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *