Сутерен.мк

Твитер го скратува синџирот!

Твитер соопшти дека споделувањето слики или видеа на приватни лица без нивна дозвола сега е против нивните политики и може да се отстранат на нивно барање. Новото правило е продолжување на политиките за забрана на „доксинг“ – објавување приватни информации без согласност!

Сепак, критичарите велат дека правилото е премногу широко и може да биде „искористено за намерно да се задуши слободното изразување на платформата“. Но, од Твитер соопштија дека ќе го разгледаат контекстот во кој се објавуваат сликите.

Ќе треба да се земе предвид дали сликата е јавно достапна, на веб-страниците за вести или „ако одредена слика и придружниот текст на твитот додаваат вредност на јавниот дискурс, се споделуваат во јавен интерес или се релевантни за заедницата “.

Пред да се отстранат сликите или да се преземат мерки, велат од Твитер, мора да биде известено од „поединците кои се изложени или од овластен претставник дека не се согласиле да се споделува нивната приватна слика или видео“.

Од компанијата соопштија дека има за цел да спречат користење на слики и видео за „малтретирање, заплашување и откривање на идентитетите на приватни лица, што несразмерно влијае на жените, активистите, дисидентите и членовите на малцинските заедници“…

Повеќе…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *