Британската ветеринарка Ана Лапаз Мендез пред извесно време ја посвоила лисицата Тиквичка, а два месеца потоа и териерот Џек. Да здомиш лисица е необично само по себе, а уште понесекојдневна е приказната, бидејќи лисицата е слепа, а кучето се движи со помош на количка.
Сепак, најинтересното е што Џек и Тиквичка се неразделни другари. Териерот постојано внимава на лисицата, а таа го следи насекаде, следејќи го звукот на тркалата од неговата количка. Дури и кога Тиквичка ќе застане, Џек стрпливо ја чека да му се придружи.
И двајцата се спасени од еутаназија: териерот е болен од рак на кичмата и така е станат инвалид, а лисицата покрај слепилото, пронајдена е и со две скршени нозе.
Бидејќи често се шетаат заедно во соседството, оваа питома двојка набрзо станале и локална атракција. Всушност, сега веќе и глобална: на социјалните мрежи имаат над сто илјади прегледи.