Сутерен.мк

„Титан“ триумфираше во Кан!

Во историјата на Канскиот филмски фестивал по втор пат жена ја освои Златната палма!

Ова престижно признание го освои француската режисерка Жулија Дукорно за нејзиниот необичен хорор филм „Титан“.

Жирито, предводено од режисерот Спајк Ли, Гран при-то (втора по значење награда на овој фестивал) го додели на филмовите „Херој“ на иранскиот оскаровец Ашгар Фархади и „Compartment No.6“ на финскиот режисер Јухо Кусманен.

Тајландскиот филм „Меморија“ и израелскиот „Коленото на Ахед“ ја добија наградата на жирито.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *