Сутерен.мк

Троглодитите од Иран

Кандован е село во руралната област Оску во Иран, во кое според пописот од 2006 година има 600 жители и 168 семејства. Луѓето овде, повеќе од седум векови живеат во станови издлабени во вулкански камен!

Приказната вели дека нивните претци повлекувајќи се од нападите на Монголите, сфатиле дека овие вулкански карпи лесно можат да ги обликуваат во дом. Високо, во конусните камења бле безбеднии и заштитени, па тука и останале да живеат.

Куќите имаат од два до четири ката, цврсти се и енергетски многу ефикасни – во зима бараат минимум затоплување, а во лето се студени. Локално становите се нарекуваат караан, а нивните станари троглодити.

Иако е изолирано, Кандован е многу популарно место и често го посетуваат туристи, кои можат да отседнат во хотелот од пет ѕвезди, со десет соби, џакузи, подно греење… и се тоа во карпа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *