Сутерен.мк

Ученици набавиле фрижидер за семејство

Младите волонтери од Општинската организација на Црвениот крст Кавадарци, кои се ученици во Основното училиште „Гоце Делчев“, на социјално загрозено семејство од градот , каде што едно од децата има аутизам, му набавиле фрижидер. Тоа го реализирале преку хуманитарен проект од Програмата за хумани вредности.

Волонтерите го посетиле домот на детето и утврдиле дека една од потребите на семејството е купување на фрижидер и тостер, кои во домот ги немало.

„За да ја постигнат својата цел и да дојдат до финансиски средства младите волонтери организираа хуманитарен концерт. Во изминатиот период имаше неколку работилници со дечињата од Центарот за поддршка на учењето на деца со посебни потреби од Кавадарци, каде што секојдневно престојува и детето со аутизам. Учениците имаа и собирни акции во училиштето, заедно со вработените собраа иоблека за семејството, а маркет донираше и хуманитарен пакет со храна“ , кажа Димитар Каракулев претседател на ОО Црвен крст Кавадарци.

За време на Велигденските празници семејството ги добило пакетите со облека и храна, а од собраните средства од страна на волонтерите, деововиве биле купени фрижидер и тостер за семејството.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *