Сутерен.мк

Ученици од Прилеп го формираа македонското знаме

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме.
Формирањето на знамето е традиција воспоставена во 2010 година, иако имаше прекин од пет години во време на пандемијата.

„Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината“, велат од Општина Прилеп.
Знамето е со димензии 24 на 12 метри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *