Сутерен.мк

Фото – монографија за Лајбах

Книгата „Лајбах, 40 години вечност“ на Теодор Лоренчич, некогашен член на групата, неодамна ја објави српски „Службен гласник“!

Четири децении откако Лајбах со својата појава тектонски ја потресе СФРЈ и идеолошки поделената Европа, се појавува фото – монографија, која за прв пат во јавноста презентира детали од историската турнеја, после која овој денес култен словенечки состав, по забраната во Југославија, ја освои светската музичка сцена.

„За четири децении Лајбах Кунст одржа повеќе од илјада концерти ширум планетава, во 293 градови и 45 држави. За него се напишани докторски дисертации, издадени се 36 албуми во различни формати, продадени се повеќе од милион носачи на звук, добиваше различни епитети од најконтроверзниот до најопасниот бенд на светот, барем така го дефинираа американските музички критичари коментирајќи ја американската турнеја.

Покрај тоа, Лајбах е единствениот странски бенд кој настапи во Северна Кореа на концертот The Sound of Music. Во секој случај, се работи за дипломатски потфат пар екселанс. Дипломатијата од самиот почеток беше силната страна на Лајбах Кунст. На функционално оперативно ниво тоа е принципот ready made во односот кон луѓето и околностите, како и во користењето на средствата за мултимедиумска манипулација.

Теодор Лоренчич

Беше подготвен претсмртен одар на Југославија, кој не го подготви Лајбах. Чаршавот на тој одар го затегнуваше самиот Тито како апсолутен политички и армиски авторитет и тоа повеќе пати почнувајќи од 1955 година. Лајбах Кунст само ја театрализираше општествената ситуација со јазикот на самата владеачка идеологија – со армиските униформи го манифестираше однесувањето на власта и, секако, беше забранет и класифициран како нацизам и фашизам“, пишува меѓу другото, Лоренчич.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *