Сутерен.мк

Холандија го тужи ТикТок?!

Холандското здружение за истражување на информациите на пазарот (SOMI) по судски пат бара околу 1,5 милијарди евра од социјалната мрежа ТикТок, како отштета за 64 000 родители.

Причината е што ТикТок без дозвола собира податоци за малолетниците заради таргетирано огласување, но и поради тоа што децата се изложени на разни опасности особено, преку т.н. предизвици кои корисниците на платформата ги бараат едни од други.

Здружението е непрофитна организација посветена на заштитата на основните права на корисниците на интернет и тврди дека условите за користење на ТикТок, како на пример дека на малолетниците им треба дозвола од родителите за користење на оваа мрежа и дека помлади од 13 години не смеат да направат профил на истата, не се почитува.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us