„Sheldon Chalet“ е сместен на гребенот на амфитеатарот Дон Шелден на глечерот Рут, Алјаска. До овој хотел се доаѓа исклучиво преку воздушен пат, со приватен хеликоптер.
Во минималниот престој од три ноќевања кој чини 35.000 долари, е вклучен превозот со хеликоптер, приватен консиерж, јадење во гурмански ресторан и активности како санкање, планинарење и сауна на покривот.
Оваа колиба нуди пет спални соби и може да прими најмногу десет гости истовремено. Името го добила по архитектите Дон и Роберта Шелдон кои ја осмислиле оригиналната кабина во 1996 година, а во 2018 година е реновирана во луксузен хотел од страна на нивните деца Роберт и Кејт.
„Едноставните работи како вода се всушност прилично луксузни кога се наоѓате на глечер на висина од 1.800 метри“, вели Марни Шелдон, сопругата на Роберт.
„Моите мајка и татко беа луѓе вредни за паметење, но нивната желба за оваа локација нема никаква врска со нивното наследство. Тие само сакаа и други луѓе да го искусат ова место кое е величествено над сè друго на планетата“, вели Роберт.