Сутерен.мк

Чоколадо за појадок!?

Особено темното чоколадо, наутро може да не разбуди и да ни го разбистри мозокот и има позитивен ефект врз целокупното наше здравје. Еве како…

  • Луѓето кои јадат темно чоколадо барем еднаш неделно,имаат потенцијал да постигнат подобри резултати на разните тестови по ментално здравје и меморија, покажуваат истражувањата.
  • Не изгледа дека баш чоколадото може да помогне при слабеењето, но малку чоколадо наутро може да ја смири желбата за храна во текот на денот.
  • Утрата можат да бидат тешки и добро е на почетокот на денот да се доведете во вистинско расположение. Чоколадото може да ве разведри и поттикне на убави мисли.

  • Луѓето кои јадат повеќе чоколадо имаат помал ризик од болестите на срцето и мозочен удар. Црното чоколадо го намалува крвниот притисок и помага во опуштање на крвните садови.
  • Какаото содржи кофеин, кој е добар за енергија, а неговата количина во чоколадото може да варира, но по правило, во темното го има, во белото воопшто не.
  • Темното чоколадо со 70 проценти какао содржи многу антиоксиданси, калциум, бакар, калиум и магнезиум.

  • Чоколадното млеко е одличен напиток пред вежбање, а тоа уште повеќе се однесува на чоколадото. Малку црно чоколадо или какао пред и после тренинг е одлична поддршка на мускулите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *