Сутерен.мк

Што кажува телото?

Овен

Овие рогати суштества настапуваат одлучно. Како да одат во војна! Движењата им се сигурни и вешто се снаоѓаат во секаква гужва. Го гледаат соговорникот во очи и нормално, без извинување го прекинуваат. Секогаш се туркаат пред другите, ќе го искористат и она „јас само да прашам“ без пардон. Чекорат брзо речиси, луто, со погледот право пред себе. Знаат дека наоколу нема ништо поинтересно од нив!

Бик

Единствениот дел од телото што може да каже нешто за овој знак е лицето. Имаат многу речит поглед, а нивното расположение сликовито го прикажуваат и мрштењето, ситните брчки околу усните, поткренатата веѓа… Нивните гестови и движењето нема да ви откријат ни грам од нивната сензуалност и еротичност освен, ако не сте силно интуитивна личност. Значи, фокусирајте им се само на фацата!

Близнаци

Според нивниот говор на телото Близнаците се едни од „најзборлестите“. Љубопитни, весели, духовити, нескротливи, немирни… со рацете говорат вешто небаре се пантомимичари. Имаат потреба постојано нешто да држат и маткаат низ рацете, а шеретскиот поглед покажува дека и во најмирните ситуации се вистински деца на својот господар, немирниот Меркур!

Рак

Кај жените Ракови сензуалноста може да се препознае по нивното менување на тонот во говорот, цврстиот стисок на раката, долгиот поглед и неконтролирањето треперење во најинтимните моменти. Инаку, воздржаноста и претпазливоста на овој знак е несвесна потреба да се пробие оклопот, кој им е последица од несигурноста.

Лав

Уживаат во тоа за себе да креираат слика на возвишеност, особеност и авторитет. Суетата и префинетиот вкус за убаво се гледа во страста со која се грижат за своето тело. Убавината на мажот Лав, кој има речиси манијакална потреба да биде во одлична форма, пропорционална е со исклучителната сензуалност и еластичност на жените од овој знак.

Девица

Девиците минимално гестикулираат, мимиката на лицето е многу ретка, но и она што малку се гледа, многу кажува. Колку и да се трудат понекогаш не можат да ја сокријат внатрешната нервоза – тоа обично се манифестира со немирни нозе и играње со косата. Припадниците на овој знак уште во детството го вежбаат воздржаниот и мирен изглед, а емотивна стабилност им носи само деловниот успех.

Вага

Жената Вага испраќа заводливи, но не и вулгарни пораки, а и мажите на суптилен начин даваат до знаење дека ја забележале секоја жена која поминала покрај нив. Сакаат да предизвикаат внимание, сакаат да се допаднат! Мажите се потемпераментни и поотворени, а жените пококетни, насмеани, но и дистанцирани.

Шкорпија

На Шкорпијата говорот на телото и е непосреден, но сепак, таинствен. Начинот на кој се движи ја претставува состојбата на духот. Во напнати ситуации усните им се стиснати, а погледот упатен во непознат правец. Ако за некого може да се каже дека „со поглед убива“, тоа може само за Шкорпијата!

Стрелец

Можат да бидат необично убави, исправени „ко пушка“, да зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Стрелците се на многумина љубов на прв поглед благодарение на неодолливата привлечност и речиси, животинскиот инстинкт. Кога некој ги привлекува, отворено ја покажуваат потребата за неговата близина, допир, па дури и на јавно место.

Јарец

Движењата му се војнички извежбани, но ако подого време го набљудувате, ќе видите промена во држењето кога ќе се појави некој кој му се допаѓа. Тогаш неговата фокусираност слабее, па во разговорот бара да му се повторат последните зборови. Случувањата што се поврзани со кариерата многу му влијаат на промените во ставот и одот.

Водолија

Сталожената ладнокрвност на мажот Водолија, кој не е баш во цутот на младоста е резултат на некогашната способност на изразување на мислите и чувствата со бурна гестикулација. Жената Водолија во зрелите години сјае со мирна благост и толеранција како контраст на бунтовното држење во младоста.

Риби

Динамичноста и отвореноста во пристапот кон другите поврзана е со неспособноста да останат статични и постојани, дури и кога имаат добра причина за тоа. Несигурноста и потребата за сродна душа ги тераат на комуникација дури и со сосема непознати личности! Гестикулацијата не им е претерана, туку пријатна и симпатична. Кога се расположени. Кога не се, ги мрзи и погледот да го свртат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Contact Us