Сутерен.мк

Што не им се кажува на „самците“?

Спушти ги критерумите

Многу грд начин за да му пренесете некому порака! Нема ништо лошо во нечие очекување идниот партнер да му биде финансиски, интелектуално и духовно компатибилен. Релациите секако, се давање и примање, но немате никакво право да одлучувате што, кому и колку му е нешто важно.

Пробај со апликации за запознавање

„Тиндер венчавките“ се се почести, но не секој е за онлајн запознавање. Некои го претпочитаат „старомодниот“ начин за наоѓање потенцијален партнер.

Треба да ти најдеме некој

Бидејќи таа/тој очигледноне се способни тоа да го направат сами, нели?! Не е ваша мисија да најдете некој, некому. Со тоа само ќе направите личноста да се чувствува лошо што не е во врска, а да се биде сингл, не е прекршок, така?

Спушти го гардот

Кога некому му се обраќате со овие зборови,му кажувате всушност, дека е застрашувачка појава и дека треба да се промени за да влезе во врска.Нималку точно, а ни пријателски.

Врските бараат многу труд

Јасно е дека сакате да ја утешите блиската сингл личност, но сите сме возрасни и знаеме дека врските бараат одрекувања и трпение.

Престани да бараш

Пред се, ако некој редовно излегува не значи дека е вопотрага по животен партнер! Можеби само сака да се забавува без обврски. Како и да е, гледајќи турски серии дома нема да најде ништо.

Никогаш неми се допаѓаше твојот/а бивш/а

Да, изгледа како утешителна реченца после раскинување, но многу е опасна: што ако се смират?!

Мисли на биолошкиот часовник

Ова е безобразно да и се каже на било која жена без разлика на статус, врска, брак, години…

Што треба да направите?

Треба да дадете подршка: дружете се дома, гледајте филмови, слушајте дозволете „исповеди“ без држење лекции, излезете,шетајте заедно… Важно, ништо не форсирајте!

Извор…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *