Сутерен.мк

Што пишувал лекарот на Хитлер?

Швајцарски потомок на германски лекар, еден од неколкумината кои се грижеле за здравјето на Адолф Хитлер, објави детали од писма кои откриваат како оториноларингологот Карл Ото фон Ајкен го лекувал германскиот фирер поради проблеми со гласот, јавуваат германските медиуми.

Фон Ајкен го лек1увал Хитлер неколку пати во период од десет години, почнувајќи од 1935 година. Писмата кои на свој роднина му ги испраќал Фон Ајкен ги открил Роберт Допген, правникот на лекарот, кој ги нашол истражувајќи семејни документи за училиштен проект. Фон Ајкен починал во 1960-та.

Британскиот историчар Ричард Еванс, експерт за германска историја, потврдил дека необјавените писма се автентични.

Од писмата се насетува големиот страв на Хитлер од сериозна болест. „Ако е нешто лошо, апсолутно морам да знам“, му кажал Хитлер на лекарот по првите консултации во мај 1935 година, пишува во едно од писмата.

Швајцарскиот весник пренесува дека детали од писмата укажуваат и на значењето кое Хитлер му го придавал на сопствениот глас. Од едно од писмата се дознава дека операција за отстранување полипи била одложена до одржување на говор на Хитлер, и дека Фон Ајкен на нацистичкиот лидер му советувал да го одмори гласот по зафатот.

Во своите писма Фон Ајкен не негирал дека лекувал човек чии постапки резултирале со милиони ѕверски мачени и убиени луѓе во Втората светска војна. Германскиот лекар по војната на прашањето на руските инспектори зошто не го убил Хитлер одговорил: „Јас му бев лекар, а не негов убиец“.

Хитлер извршил самоубиство во бункер во Берлин во 1945-та, непосредно Црвената армија да влезе во градот.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *