Сутерен.мк

Што прашува Маск на интервју за работа?

Илон Маск има своја омилена загатка која им ја поставува на потенцијалните кандидати за работа, за да ги збуни и да види како се снаоѓаат.

„Стоите на површината на Земјата. Одите една милја (околу 1,6 километри) кон југ, една милја кон запад и една милја кон север. Сте дошле на местото од кое сте тргнале. Каде се наоѓате?“, ги прашува најбогатиот човек на светот потенцијалните лица за работа.

Познато е дека своите први вработени Илон Маск лично ги интервјуирал, а поголем дел од нив одговориле точно на загатката, меѓутоа потоа би следело уште едно прашање „каде уште би можеле да бидете?“
Првиот одговор е на Јужниот пол каде, доколку одите една милја јужно, опсегот на Земјата станува една милја.

Помалку инженери го знаат вториот одговор, но Маск со задоволство ќе ја објасни загатката. Маск помалку го интересира дали лицето ќе даде точен одговор, а повеќе го интересира тоа како го опишуваат проблемот и својот пристап кон неговото решение
Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *