Сутерен.мк

Љубовта е во канта за ѓубре

„Љубовта е во канта за ѓубре“, самоуништеното дело на британскиот уличен уметник Бенкси, беше продадено на аукција за рекордна сума од 21,8 милиони евра!

Делото се состои од рамка во која се наоѓа слика на девојче кое посега по црвен балон во форма на срце. Специфично е тоа што долната половина на сликата е исецкана на парчиња откако пред три години, за време на аукција делото кое тогаш беше наречено „Девојче со балон“ се самоуништи преку режач вметнат во рамката откако беше продадено на аукција.


„Девојче со балон“ првично беше нацртана на ѕид во источен Лондон и оттогаш е репродуцирано безброј пати, со што стана една од најпознатите слики на Бенкси.

А македонската „верзија“ е ова:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *