Сутерен.мк

Вирусот циркулирал во Милано од ланскиот ноември!

Неодамнешната студија на Државната болница во Милано, Италија, покажува дека Ковид – 19 бил присутен меѓу населението уште во ноември 2019 година.

Благодарение на анализата на еден зачуван тампон земен тогаш од четиригодишно дете заради сомневање дека заболело од мали сипаници, утврдено е дека вирусот се ширел три месеца пред да биде „прогласен пациентот 1“ во местото Кодоњо во Ломбардија.

Авторот на ова откритие д – р Марио Равијоне, редовен професор на Миланскиот универзитет изјави дека четиригодишното дете може да се смета за „пациент 1“, но сепак, дека не може да се каже дали тој случај не е втора или трета генерација на пренесување на вирусот, бидејќи од некого го добил. Непознато е од каде и кога затоа што тоа семејство никаде не патувало!

Освен ова, студијата на Институтот за тумори во Милано со анализа на примероците на крв земена за испитување на туморите на бели дробови, помеѓу септември 2019 и март 2020 година, покажува дека забележано е присуство на корона – вирусот веќе во септември 2019 – та, во крвта на пациенти од пет региони во Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *