Сутерен.мк

Влијанието на нарцисоидните родители

Растењето со родител кој има нарцисоидно растројство на личноста може да биде тешко и многу деца, особено штом ќе пораснат, се борат со сериозни проблеми при одржувањето здрави односи со другите луѓе. Нарцисоидните родители негативно влијаат врз нивните деца на многу начини, преку нивното однесување и нивните одлуки.

„Нарцисоидните родители ги гледаат своите деца како продолжение на себе, а емоционалното одвојување или границите ги доживуваат како отфрлање“, објаснува психологот Дејна Дорфман.

Децата воспитани од нарциси може да покажат недостиг на емпатија, да имаат претерано чувство за самоважност, да имаат тенденција да се идеализираат себеси, но и да ги обезвреднуваат другите. Покрај тоа, тие се многу зависни од туѓото мислење, поради што прават сѐ за да привлечат внимание и да бидат во центарот на вниманието.

Луѓето пораснати од нарциси, исто така, може да имаат проблем да одржуваат здрави односи со романтичните партнери, пријателите и децата. Исто така, тие често имаат многу ниска самодоверба и чувство на инфериорност. Причината е што тие никогаш не биле доволно добри за своите нарцисоидни родители, па затоа и самите почнуваат да веруваат во тоа.

Психологот нагласува дека ако сме пораснале со нарцисоидни родители, често ќе имаме проблеми со изразувањето на сопствените емоции, бидејќи никогаш не сме смееле слободно да ги изразуваме пред нив. Наместо тоа, луѓето што растат со такви родители имаат тенденција да се повлечат во себе и се склони кон анксиозност или депресија.

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *