Сутерен.мк

Вознијак пристигна во Србија

Стив Вознијак, еден од двајцата основачи на Епл, ќе добие српски пасош, потврди Александар Вучиќ, претседателот на државата.

Вознијак, кој се здружи со покојниот Стив Џобс за да го основа Епл во 1976 година, пристигна во Србија во пресрет на парламентарните и локалните избори на 17 декември, како очигледен гест на поддршка за претседателот Вучиќ и неговата популистичка десничарска владејачка партија.

Вознијак изјави дека се чувствува „многу среќен“ што е во Србија и дека тој и неговата сопруга Џенет, која исто така добива пасош, отсега ќе ја „промовираат“ Србија. Тој рече дека ќе стане Србин кој живее во САД.

На заедничката прес-конференција во Белград, Вучиќ рече дека за Србија е „чест“ да им подари пасоши на Вознијак и неговата сопруга.

– За нас е голема чест, и се надевам дека Владата на Србија ќе го прифати мојот предлог на брачната двојка Вознијак, Стив и Џенет, да им се даде државјанство на Србија, кое лично ќе им го врачам. Во тоа голема улога имаше нашиот тенисер Јанко Типсаревиќ и му благодариме! Некои викаат дадовме пари да дојде, не, човекот дошол во Србија, си платил карта и дошол, рече Вучиќ.

Вонијак ќе дели совети во Србија како да се подобри универзитетското и средното образование и да се даде придонес во останувањето на младите дома.

„Никој не му платил да дојде во Србија, да биде сосема јасно“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *