Гогољ, пред се!

Морам да признаам дека се пронајдов во еден текст, а твојот одговор ми дојде како ладен туш во лето после едно напорно, исцрпувачко, долго и испотено возење со автобус на ЈСП. Одговорот се состоеше од се` она што некоја блиска личност на мене треба да ми го каже, а не се осмелува или пак едноставно не забележува дека е тоа така.

И се она што јас сама на себе треба да си кажам, а не го правам тоа бидејќи верувам дека сите ние од вкупниот број на лаги што ги имаме кажано, најголеми и најбизарни се оние наменети за нас самите. Колку и да ти нема смисла тоа. :))))))) Ти благодарам, како и да е.
Да додадам, особено ми се допаѓа и твојата смисла за хумор.
Остани кул, поздрав. 🙂

Алекс

Алекс дарлинг, ќе се послужам со епитафот на Гогољ: се смеев на човечкиот род низ невидливи солзи…

(Упатствата во оваа рубрика се само субјективно гледање на меѓучовечките релации. Никако не треба да се сфатат како достојна замена за стручно мислење.)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *