Сутерен.мк

Дали е љубовта слепа?

Често слушаме дека љубовта е слепа. Е, сега, не дека е баш слепа, но научниците тврдат дека по малку ги замаглува нештата. Иако ги гледаме мааните на тој што ни се допаѓа, мозокот ни испраќа сигнал да ги игнорираме. Научници од Лондон и Њујорк заклучиле: кога го набљудуваме оној во кој сме вљубени, делот од мозокот кој е задолжен за критичко мислење е „заспан“! Освен тоа, нивото на хормонот серотонин опаѓа дури за 40 отсто, па се однесуваме слично на опсесивно – компулсивни личности. Што ќе рече, малку како „мрднати“ , а всушност, само сме „луди од љубов“!

Наука за бакнувањето?!

Научниците се занимаваат со се и сешто, па така, некој решил дека многу е важно да се дадат и објаснувања, доокази, теории и теореми и за – бакнувањето!? Да, постои наука која го проучува бакнувањето и таа се вика филематологија. Нашиот јазик е сиромашен со книжевни изрази кои ги дефинираат видовите на бакнежи, па дури ни дијалектите, ни жаргоните не можат баш да ни помогнат во тоа. Меѓутоа, на пример, Англичаните или Германците имаат дури триесетина зборови кои го опишуваат чинот на целивањето. А, според Гинисовата книга на рекорди, најдолгиот бакнеж траел 32 час и 30 секунди! Ако научниците велат дека после љубењето луѓето чувствуваат глад, можеме само да претпоставиме што се би изеле овие двајца после толку долгата „сеанса“!?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *