Сутерен.мк

Да се биде левучар!

И мајката и вујковците на писателката Јудора Велти (1909 – 2001) биле левучари, но татко и ја присилувал да научи да ја користи и десната рака.

Леворакиот пронаоѓач Квинси Херши во 1931 година испиша страници од историјата пријавувајќи го патентот УС1846867А – „прилагодливи ножици за левучари и десничари“.

На Високата школа Џунијата, во Пенсилванија, САД, секоја година по два бруцоши – левучари добиваат стипендија од неколку илјади долари.

Резултатите од истражувањата што во 2015 година ги објавил Андреј Гиљов покажало дека кенгурите во 95 отсто од случаите ја користат левата шепа.

Little girl sleeping in a hospital bed

Откако на концертниот пијанист Леон Флајшер во 1964 година му се парализирала десната рака, продолжил да настапува користејќи ја само левата.

Продавницата „Лефториум“ на Нед Фландерс, ликот од цртаната серија „Симпсонови“, наменета за левораките личности, постоела само во цртан филм, се додека не е отворена во Сан Франциско во 2008 година.

Мис Пиги (Гица Прасица) од Мапетите е леворака и тоа затоа што Ерик Џејкобсон – кукларот кој го наследи Френк Оз – ја користи десната рака за да ја движи главата на госпоѓицата Пиги, а левата за движење на нејзините раце.

Музичарот Џими Хендрикс (1942 – 1970) одлучил да го смени распоредот на жиците на својата гитара од марката „фендер“ за да може да свири со левата рака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *