Сутерен.мк

Жените ќе престанат да раѓаат?!

Научниците низ светот работат на развој на систем кој би имитирал вистинска матка. Целта е да се обезбеди грижа за екстремно рано родените деца кои не можат доволно успешно да се лекуваат во инкубатори бидејќи нивните органи, а особено нивните бели дробови не се целосно развиени.
Истражувањето досега е спроведено на предвремено родено јагне.

Наместо папочната врвца, ставиле многу тенок катетер и на тој начин успеале да ја пренасочат крвта и да ја стимулираат размената на гасови кај плодот. Односно, успеале да го снабдат фетусот со кислород без тоа да мора да го прават белите дробови!

За прв пат научниците успеале да одгледуваат здрави ембриони на глувци во вештачка матка. Ембрионите биле извадени од матката на глувците на петтиот ден од бременоста, а потоа се одгледувале шест дена во вештачка матка. Во тој момент ембрионите биле на половина пат од нивниот развој бидејќи целосната бременост на глувците трае околу 20 дена. Притоа, тие се обиделе да набљудуваат како се формираат нивните органи, што е невозможно да се направи кога фетусот е во матката.
Научниците тврдат дека ќе бидат потребни уште најмалку десет години за да се тестира оваа технологија на луѓе.

– Работиме и на други животни кои имаат сличности со луѓето во однос на развојот на ембрионот. Еден од нив е зајакот и можам да кажам дека досега сме многу успешни, што е охрабрувачки и дава индикации дека тоа е можно и со луѓето. Ние и другите лаборатории се обидуваме да го докажеме тоа – велат тие.
Меѓутоа, какои секогашкога се случуваат револуционерни поместувања, тука се и етичките дилеми:

– Може да се спасат предвремено родените бебиња или да се променат животите на луѓето кои на друг начин не би можеле да имаат деца, но се поставуваат други прашања. Ако технологијата ги замени традиционалната бременост и породувањето, кој ќе ја поседува таа технологија? Кој ќе ја контролира нејзината употреба? За кого ќе биде? Може да биде нешто што се форсира? Ако вештачките матки станат достапни за секого, сегашните улоги на половите ќе се сменат!

Извор…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *