Сутерен.мк

За пријателството на Путин и Берлускони

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони често беше опишуван од новинарите како „шарен“, „харизматичен“, па дури и „дрзок“ човек. Тој почина на 87-годишна возраст, во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.

Берлускони, без сомнение, беше контроверзна личност која остро го подели јавното мислење, политичката сцена, но и политичките аналитичари. Една од неговите посебни вештини беше способноста да одржува добри односи и со Русија и со Соединетите Американски Држави во исто време.

Берлускони беше премиер вкупно девет години, што го прави најуспешниот повоен премиер на Италија и трет премиер со најдолг стаж од обединувањето на Италија, по Бенито Мусолини и Џовани Џолити.

Пред тоа, во јануари 2013 година, Берлуксони даде интервју за ТВ каналот Еуроњуз, нарекувајќи го Путин „најдобриот политичар на меѓународната сцена“: „Тој е најдобриот политичар на меѓународната сцена, неговиот имиџ (на Запад) е спротивен на што е тој навистина. Да се ​​има таков претседател е вистински успех за Русија“.

Берлускони предизвика нова бура во септември минатата година, кога рече дека „Путин е втурнат во овој конфликт“ и дека сака само „пристојни луѓе“ на чело на Украина, пренесува Ројтерс.
Берлускони беше познат по неговите „бунга бунга забави“, на кои и тој учествувал. Сепак, тие само ја зголемија неговата популарност во Италија.

Берлускони своевремено беше обвинет дека на забавите им плаќал на проститутки за сексуални услуги. Овие обвиненија подоцна беа отфрлени.

За ова Путин кажа: „Нему му се суди поради неговите авантури со жени. Да беше хомосексуалец, никој немаше да го допре“.

  • На 6 јуни 2015 година, во пресрет на посетата на Милано, Владимир Путин во интервју за „Кориере дела сера“ објасни зошто му е толку лесно да комуницира со Берлускони и на што се темели нивниот пријателски однос. Според Путин, најважна работа во тоа била меѓусебната, „искрена желба за градење добри меѓудржавни односи, без оглед на внатрешно-политичката ситуација“.
  • Берлускони немаше влакна на јазикот, не им остана должен на критичарите и во една прилика кажа: Тажен сум поради фактот што во овој момент во Европа и на Запад немаме способни лидери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *